Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката несреќа во Урда, најмалку 68 загинати и 180 повредени

t

Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по железничката несреќа во Урда, во која загинаа најмалку 68 лица, а најмалку 180 беа повредени.

Градските власти низ земјата им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење во 20 часот, додека потрагата и спасувачките операции на местото на несреќата продолжуваат, пренесуваат медиумите.

Почит им беше оддадена во Мадрид, Каталонија, Андалузија, Кастиља и Леон, Астурија, Канарските Острови, Кантабрија, Арагон и во други делови на земјата, на иницијатива на Шпанската федерација на општини и провинции.

Властите не ја исклучуваат можноста бројот на жртви да се зголеми за време на преместувањето на уништените вагони.

Градоначалникот на Урда, Мануел Галан, изрази сочувство до семејствата на загинатите и им посака брзо закрепнување на повредените, истакнувајќи ја важноста на соработката меѓу сите надлежни служби.

Во меѓувреме, околу 1.500 луѓе се собраа пред Министерството за транспорт, барајќи одговорност за несреќата.

Демонстрантите упатуваа навреди кон министерот за транспорт Оскар Пуенте и премиерот Педро Санчез. Собирот помина без инциденти, со засилено полициско обезбедување.

Во повеќе градови, граѓаните и официјалните лица се потсетија и на претходните железнички трагедии во Шпанија, вклучувајќи ја несреќата во Адамус, во која пред десет месеци загинаа 46 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…

Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Невреме и бури ја зафатија Шпанија, во…

102-годишна жена загина, а околу 90 лица…

Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…