Во Штип ќе се гради универзитетски центар за сајбер безбедност

t

Градот под исарот е локацијата каде ќе биде инсталиран Интегриран центар за безбедносни операции, кој ќе биде насочен на унапредување на сајбер безбедноста и дигиталната отпорност.

На штипскиот Универзитет денес беше означен почетокот на значаен проект во областа на сајбер безбедноста, што ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери.

„Ако сакаме долгорочна сајбер безбедност, мора да инвестираме не само во технологии, туку и во кадар“ – потенцираше од Штип министерот Стефан Андоновски, кој нагласи и дека дигиталната трансформација не значи само воведување нови технологии и услуги, туку и создавање безбедна и отпорна дигитална држава.

Според министерката Јаневска, пак во време кога дигитализацијата е присутна во секој сегмент од живеењето, стратешки приоритет е да се вложува во сајбер-безбедност и дигитална отпорност.

Системот се однесува на земјите од Западен Балкан и ќе функционира според највисоки меѓународни стандарди. Во овој регионален Центар ќе се едуцираат и обучуваат сајбер професионалци кои ќе имаат специјални безбедносни задачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Штип ќе се гради универзитетски центар…

Градот под исарот е локацијата каде ќе…

Сиљановска-Давкова поддржува укинување на техничката влада, двојно…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска даде поддршка за…

Филипче: Пријател на Мицкоски за директор на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната…

Инцидент во Чаир: Полицијата пукаше во воздух…

Вчера околу 18:45 часот додека тројца полициски…

Се огласи градоначалничката на Кисела Вода за…

Во врска со трагичниот настан што се…