Во Штип ќе се гради универзитетски центар за сајбер безбедност

t

Градот под исарот е локацијата каде ќе биде инсталиран Интегриран центар за безбедносни операции, кој ќе биде насочен на унапредување на сајбер безбедноста и дигиталната отпорност.

На штипскиот Универзитет денес беше означен почетокот на значаен проект во областа на сајбер безбедноста, што ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери.

„Ако сакаме долгорочна сајбер безбедност, мора да инвестираме не само во технологии, туку и во кадар“ – потенцираше од Штип министерот Стефан Андоновски, кој нагласи и дека дигиталната трансформација не значи само воведување нови технологии и услуги, туку и создавање безбедна и отпорна дигитална држава.

Според министерката Јаневска, пак во време кога дигитализацијата е присутна во секој сегмент од живеењето, стратешки приоритет е да се вложува во сајбер-безбедност и дигитална отпорност.

Системот се однесува на земјите од Западен Балкан и ќе функционира според највисоки меѓународни стандарди. Во овој регионален Центар ќе се едуцираат и обучуваат сајбер професионалци кои ќе имаат специјални безбедносни задачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…

На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…

Пандов на средба со делегација на Европскиот…

Директорот на Управата за извршување на санкциите,…

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…

Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…