Објавено на:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

t

Безбедна е водата за пиење во Скопје, покажале денешните резултати од испитувањата.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје попладнево информираа за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

– Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 43 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои три примероци се од бунарскиот потег Нерези – Лепенец и два се сирова вода од двете каптажи на изворот Рашче – соопштија од јавното претпријатие.

Како што се истакнува, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Безбедна е водата за пиење во Скопје,…

Подгответе се за гужви: Три дена посебен…

Од денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална…

Ескалира конфликтот на САД и Иран

Конфликтот меѓу САД и Иран добива нова,…

Министерот за правда разговараше со судиите-поротници за…

Министерот за правда Јетон Шасивари, заедно со…

Москва повторно гори

Повеќе од 400 беспилотни летала биле насочени…