Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, велат од „водовод и канализација“, од страна на Сектор Санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација Скопје, се земени: 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои 4 примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
„ Мониторингот се работи согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр.183/2018 (Прилог 2, Дел Б). Примероците се земени согласно метода MKC ISO 5667-5 Земање на примероци – Дел 5: Упатство за земање на примероци вода за пиење од пречистителни станици и водоводни дистрибутивни системи. На сите примероци ќе им биде изработена физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр.183/2018 (Прилог 4,Основен преглед-А) во акредитираните лаборатории при Сектор Санитарна контрола согласно ISO 17025:2018“
Сите 44 земени примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…