Водно доби нов моторички парк од остатоците од невремето: Вакви паркови ќе добијат и парк шумата Гази Баба и Сарај

t

Нашето Водно од денес е побогато со нов моторички парк!, објави градоначалникот на Скопје споделувајќи слики од новата содржина наменета за рекреација.

Вакви паркови ќе добијат и Парк шума Гази Баба и Сарај. На местата каде што беа отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември ќе започнеме голема есенска акција за пошумување на нашиот град, најавува Орце Ѓорѓиевски.

„Силното невреме што го зафати Скопје остави зад себе големи штети и бројни паднати дрвја. Но, нашата обврска не е само да ја санираме направената штета, туку од секој предизвик да создадеме нешто корисно, трајно и вредно за граѓаните.  Како што најавив веднаш по невремето, здравите стебла од паднатите дрвја не ги оставивме да завршат како отпад“.

Ѓорѓиевски  вели дека на паднатите делови од дрвја им се дадени нов живот и нова намена.

„Од нив го изградивме новиот моторички парк на Водно – внимателно уреден простор со природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Простор во кој децата преку игра ќе ги развиваат своите моторички способности, а младите и возрасните ќе можат да вежбаат, да се рекреираат и да поминуваат повеќе квалитетно време во природа.
Наместо отпад, создадовме нова вредност. Наместо уништени стебла, создадовме простор исполнет со движење, енергија и живот“.

Градоначалникот потсетува дека ова се само дел од активностите со кои му го враќаме сјајот на Водно.

„Го реконструиравме патот до средно Водно. Ги уредуваме патеките и ја обновуваме урбаната опрема, која со години беше оставена на забот на времето.

Истовремено, на Водно и Матка веќе функционира Планинската спасителна служба, подготвена за брзи и професионални интервенции во планински услови. Со тоа ја подигнуваме безбедноста на сите посетители и создаваме услови безгрижно да уживаат во природата“, истакнува градоначалникот.

Ѓорѓиевски порачува дека Водно е срцето и зелените бели дробови на Скопје.

„Го чуваме, го обновуваме и го развиваме паметно, одговорно и со љубов. Чекор по чекор, создаваме Водно какво што заслужуваат скопјани – безбедно, уредено, зелено и исполнето со содржини за сите генерации“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водно доби нов моторички парк од остатоците…

Нашето Водно од денес е побогато со…

Директорот на ЦИА не се сретна со…

Рускиот претседател Владимир Путин не се сретнал…

БИРН: Над 90 отсто од приватните базени…

Во време на долги топлотни бранови, континентални…

Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над…

Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела…

Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров,…

Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската…