Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните доколку направат прекршок
Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, порача денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој појасни дека доколку возач помине на црвено или надмине брзина, казната нема да оди на сметка на претпријатието.
Error5
За да се стави крај на нередот и злоупотребите, градот воведува модерни системи за контрола.
„Возилата нема да можат да стартуваат без картичка од возачот, за точно да знаеме кој управува во секој момент. Доколку не може да се утврди возачот, одговорноста ќе ја сноси шефот на возниот парк“, појасни Ѓорѓиевски.
Покрај сообраќајната дисциплина, градот ќе инсталира и специјални мерачи на гориво и ГПС-уреди. Системот веднаш ќе алармира доколку се забележи потрошувачка поголема за само еден литар, со цел да се спречат долгогодишните злоупотреби и кражби на нафта од тешката механизација и автобусите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возачите на ЈСП сами ќе си ги…
Возачите на автобусите на ЈСП и на…
Итни разговори меѓу САД и Иран –…
Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на…
Законот мора да се почитува и да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…
Претреси во кругот на ОХИС поради случајот…
Попладнево се вршат претреси во фирмата „Алфафарм“,…
ЕУ ја повикува Македонија да не чека…
Европскиот амбасадор во Македонија, Михалис Рокас, во…