Претреси во кругот на ОХИС поради случајот со петте тони марихуана запленети во Србија
Попладнево се вршат претреси во фирмата „Алфафарм“, лоцирана во кругот на поранешната хемиска индустрија ОХИС, во рамки на истрагата поврзана со заплената на околу пет тони марихуана во Србија, јавува Телма.
Под лупа на истражните органи се и повеќе објекти на други фирми кои имаат лиценца за одгледување канабис за медицински цели.
„Алфафарм“ е формирана во 2023 година, а лиценцата за одгледување марихуана ја добила во март 2024 година.
Во рамки на меѓународната полициска акција, еден од ко-сопствениците на фирмата бил уапсен во Србија, додека по друг ко-сопственик, според истите извори, се трага и тој се наоѓа во бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…