Вознемирувачки видеа од Србија: Полицајци пукаа носови, кршеа ребра, тепаа и жени на Филозофскиот факултет

t

Социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачки снимки од насилството што било применето врз студентите, вчера во Филозофскиот факултет во Нови Сад објави „Нова“.

Студентите најавија блокада на установата сѐ додека професорката Јелена Клеут, која добила отказ, не се врати на работа, а деканот на Факултетот, Миливој Алановиќ, ги повика полицијата и припадниците на Интервентната единица кои употребија сила.

Многумина студенти завршиле со повреди во таа „пресметка“, а дури и некои професори добиле ќотек „случајно“, во минување.

— Професорката падна на вратата од факултетот, тоа зборува за Универзитетот во Нови Сад. Таа беше насилно исфрлена од Филозофскиот факултет, жената падна, јас бев покрај неа. Нѐ туркаа, не удираа со штитови, полицаец ѝ ја турна главата и ѝ го повреди окото на една девојка. Тоа е она што беше околу мене, што можев да го видам, прашање е што се случувало наоколу. Беа исклучително груби во намерата да нѐ избркаат од факултетот — раскажа студент кој бил сведок на ситуацијата.

Неколкумина студенти се повредени, а најлошо поминал студент на кого полицаец му го скршил носот, додека студент и новинар од „Блокаде инфо“ се здобил со нагмечување на ребрата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачки видеа од Србија: Полицајци пукаа носови,…

Социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачки снимки…

Изгореа канцеларии на српското обвинителство за организиран…

Неколку канцеларии на последниот кат од зградата…

Падна договор за НИС: Србија ќе добие…

Унгарската компанија МОЛ и рускиот Газпром се…

Во Србија се разгледува скратување на часовите…

Српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ…

Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави…