Вонреден надзор на скопска Гинекологија по смрт на новороденче кое почина на 1 октомври

t

Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.

„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.

Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.

„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.

Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за Инфомакс одговорија дека сите прашања, вклучително и дали е направен инспекциски надзор, треба да се упатат до Министерството бидејќи истите се орган во состав на МЗ, иако според Закон се независни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонреден надзор на скопска Гинекологија по смрт…

Министерството за здравство нареди вонреден надзор по…

Седницата на комисијата за надзор над работата…

Ве известуваме дека Комисијата за надзор над…

Гаши за утре закажа седница на собраниската…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре…

Голем наклон за акушерките! Тие тивки херои…

Акушерката е првиот глас на охрабрување што…

Пратениците кои имаат сертификат „државна тајна“ ќе…

Собраниската комисија за надзор над Агенцијата за…