Вооружен Нигериец нападнал полицаец пред дискотека во Градски парк
Рано утрово во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта), соопшти МВР.
Според полицијата Нигериецот е уапсен поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вооружен Нигериец нападнал полицаец пред дискотека во…
Рано утрово во 04:30 часот пред угостителски…
(Видео) Полицајци спречија ширење на пожар на…
Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна…
Скопје без ниту една дискотека што ќе…
Скопје нема да има ниту една дискотека/кабаре…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Засрамете се, останавме без деца… имате ли…
Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната…