Скопје без ниту една дискотека што ќе работи летово
Скопје нема да има ниту една дискотека/кабаре што работи летово, односно ниту еден ваков ноќен угостителски објект ја нема потребната лиценца.
Ова денес го потврди директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, кој обелодени дека во главниот град нема ниту еден објект со валидна лиценца за кабаре или диско клуб, додека на ниво на цела држава има 14 валидни лиценци.
Од 1 ноември лани до 15 јуни годинава, ДПИ извршил вкупно 17.359 надзори на ниво на цела држава и издадени се 4.542 платни налози во вкупна вредност од 110 милиони денари.
– Во овој период спроведовме широк опсег на редовни и вонредни надзори на цела територија. Работевме на терен, присутни таму каде што системот пред нас толерирал хаос, неправди и сива економија. Нашата работа не беше селективна, секој објект без разлика на локација и сопственост беше еднакво подложен на контрола. Фокусот беше троен – спречување на нерегистрирани објекти и работа без лиценци, заштита на потрошувачите од несодветни услови и подигнување на нивото на почитување на законските одредби. Нема повеќе „за свои се е доволено, а за другите казни“, рече Стојкоски.
Од 17 март до 15 јуни годинава, пак, извршени се 1.713 надзори и издадени 716 прекшочни налози и 60 решенија за привремена забрана за вршење на угостителска дејност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…