Војниците во Армијата членка на НАТО ќе си плаќаат сами за маст: Им било наложено превентивно да ја користат и оние кои немаат шуга
Иако фатија шуга во касарната во Велес, парите за масти ќе си ги даваат од џеб – ова го дознава Инфомакс од извори од касарната, кои велат дека една маст им била наложена да се користи на сите војници, но за тоа платиле сите по 170 денари.
Инфомакс праша во Министерството за одбрана, зошто оваа маст била наплатена, наместо трошокот да биде покриен од нивна страна, бидејќи војниците се заразиле во касарната. Од таму велат дека сите лекови кои се на твоар на ФЗО ќе бидат рефундирани.
„По утврдувањето дека кај четворицата пфв има промени на кожата, веднаш истите се упатени на доктор специјалист – дерматовенеролог каде што им се препишува соодветна медицинска терапија (лосион; раствор или маст за премачкување). Доколку терапијата е дел од листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување, согласно Законот за служба во Армијата и Колективниот договор, на барање на професионалните војници истата ќе им биде рефундиранa“, велат од Министерството.
Но, конкретната маст која ја добиле војниците не е препишана, туку им е дадена превентивно откако ја платиле, па парите кои ги дале војниците нема да бидат рефундирани, иако неа ја платиле и оние кои не се заразени. Од одговорот кој Инфомакс го доби од Министерството за одбрана е јасно дека целиот процес на лекување, односно сите препарати кои се потребни, а не се на товар на фондот, ќе продолжат да си ги плаќаат војниците, со што лекувањето може да достигне и до неколку стотици евра, зависно од терапијата.
Од Министерството посочуваат и дека се преземни сите мерки согласно протоколите. Бројот на заразени војници останува четири, а состојбата се следи секојдневно.
„Од страна на Воено медицинскиот центар се преземени сите мерки согласно здравствените протоколи и тоа:
-Од страна на одделението за превентивна заштита од Воено медицинскиот центар извршен е стручен епидемиолошки надзор, давање на мислење и понатамошни насоки и препораки
-На превентивен преглед се испратени сите војници кои што биле во контакт со заразените лица;
-За време на изминатиот викенд во просториите каде што се сместени војниците е извршено комплетна замена на постелнината со нова, направена е дезинфекција на сите спални соби, дезинфекција на ќебињата, перниците и душеците и е испрана постелнината.
-Сите војници се информирани за симптомите кои може да се појават како резултат на оваа болест дадени се препораки доколку се забележат кожни промени веднаш истото да се пријави и да се консултираат со доктор.
-Континуирано се следи состојбата со останатите кандидати и се преземаат мерки согласно насоките на доктор епидемиолог“, рекоа од Министерството за Инфомакс.
Пред неколку денови, од Министерството за одбрана, посочија дека болеста не се проширила од велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“, иако останатите војници ја фатиле таму, а истата може да се прошири преку контакт со претходно заразено лице, или преку постелнина, пешкири и слично, кои претходно биле користени од исто така заразено лице.
Независниот синдикат на професионални војници пак, обвини дека условите во касарните низ Македонија се катастрофални за живот и работа.
„Професионалните војници имаат најлоши услови за работа, од нечиста постелнина, неисперена со години, од перници стари по 15-20 години, исто така и за кебињата и чаршавите со години стари и необновени. Просториите каде што спијат војниците се најчесто со влага , со многу инсекти по просториите, храната се дава во нехигиенски услови со прибори стари над 20 години и нејзиниот квалитет е на најслабо ниво, храната е еднолична и недоволна, санитарните јазли се нереновирани и руинирани повеќе од 15-20 години. Професионалните војници многу често работат во услови кога немаат струја во објектите за да се загрејат и техничка вода за да се одржава личната хигиената и хигиената на објектите, ваквите состојби траат со години“, реагираа од сидникатот.
А. Тодески
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војниците во Армијата членка на НАТО ќе…
Иако фатија шуга во касарната во Велес,…
ОЈО ГОКК: Сѐ уште трае акцијата за…
Во рамките на опсежната акција што се…
Гранати од Првата светска војна пронајдени при…
По пријава од физичко лице, екипа на…
Ќе удри утринската зора и за нас!…
Во земјава денеска се одбележуваат 154 години…
Руте: Постигнувањето договор за завршување на војната…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…