ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети, против самиот себе или против својот чичко Али Ахмети?

t

Денес политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, беше забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик, велат од ВРЕДИ.

Од партијата прашуваат: Против кого протестира Бујар Ахмети?

Против самиот себе, како дел од системот што со години ја одржуваше оваа неправда? Или против својот чичко, Али Ахмети, кој повеќе од 22 години беше на власт и именуваше министри за правда кои не презедоа ниту еден чекор за решавање на ова прашање? Повеќе од две децении ДУИ ги манипулираше Албанците со ветувања за унапредување на правата, додека албанските студенти продолжија да се соочуваат со институционални пречки и дискриминација дури и во најосновните професионални процеси. На албанските студенти не им требаат фотографии и политички театар. Ним им требаат конкретни решенија, кои ДУИ не ги обезбеди 22 години по ред. ВЛЕН оценува дека времето на политички манипулации со националните прашања заврши. Албанците заслужуваат одговорност, а не политичко лицемерие. Со ВЛЕН, правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик, велат од ВРЕДИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети, против…

Денес политичката иронија го достигна врвот. Бујар…

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И ИРАН ЗА…

Телевизијата Ал Арабија објави дека нацрт-договорот за…

Мухамеди: Истите што ја исвиркаа химната непочитуваа…

Умејр Мухамеди го искометира однесувањето на навивачите…

Рубин Земон, член на Централниот одбор на…

Рубин Земон, член на Централниот одбор на…

Две лица лишени од слобода, вкупно четири…

На 20.05.2026 во 17:30 часот во СВР…