Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со најголемиот антимакедонец Виктор Стојанов

t

Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Македонија и против кого пред два месеца беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ.

За средбата објави самата Фондација на социјалните мрежи.

„На неофицијална средба со Рубин Земон, дел од раководството на опозицискиот СДСМ и претставник на Египќаните во Република Македонија. На режимот на Мицкоски ќе му се спротивстават мнозинството граѓани на државата, а ние од Европската Унија ќе им дадеме поддршка: во име на европската иднина на Македонија и децата таму“, пишува во објавата.

Средбата предизвика остри реакции во јавноста, особено поради спорните ставови и минатите активности на Стојанов, но и поради претходните изјави на Земон. Тој изјави дека „Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниедна битка не извојувал никаде, а кај нас е мит направен“. По оваа изјава, Земон се извини, тврдејќи дека бил погрешно разбран.

Против Виктор Стојанов беше поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Од Агенцијата за национална безбедност тогаш соопштија дека пријавата следува по информации за субверзивно-пропагандни активности насочени кон поттикнување етничка и национална омраза.

Според Обвинителството, Стојанов преку специјално креирана Фејсбук-страница споделувал содржини со кои поттикнувал национална и етничка омраза и дискриминација. Во истрагата бил одземен и пропаганден материјал наменет за дистрибуција во Македонија.

Стојанов и претходно беше во центарот на вниманието. Пред три години тој упати закани кон Македонците од Пустец, предупредувајќи дека доколку не се попишат како Бугари на пописот во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубин Земон, член на Централниот одбор на…

Рубин Земон, член на Централниот одбор на…

Две лица лишени од слобода, вкупно четири…

На 20.05.2026 во 17:30 часот во СВР…

Гаши се сретна со Папата Лав XIV…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Поништена е јавната набавка за електрични автобуси…

Министерство за транспорт информира дека Државна комисија…

Просечната мартовска плата е 48.433 денари

Просечната нето-плата во март достигна 48.433 денари,…