ВРЕДИ ја зголемува цената: По изборниот успех, утре на средба со Мицкоски ќе бараат повеќе позиции во извршната власт
По официјализирањето на изборните резултати и постигнатиот успех на изборите, коалицијата ВРЕДИ започнува поактивна улога во дефинирањето на идната владина структура. Според партиски извори, за утре е закажана клучна средба меѓу раководството на ВРЕДИ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на која се очекува да биде отворено прашањето за распределбата на моќта во извршната власт, објави 4NEWS.mk
Извори од коалицијата за 4NEWS.mk брифираат дека ВРЕДИ ќе настојува да ја зајакне својата позиција во однос на првичните договори или понуди. Сметајќи дека нивниот изборен резултат им дава легитимитет за позначајно учество, тие на маса ќе стават барање за поголем број на ресори, односно повеќе позиции во владиниот кабинет и во второстепените и третостепените функции.
Целта на ова, како што се наведува, не е само зголемување на бројот на функции, туку и обезбедување на клучни сектори преку кои ВРЕДИ ќе може директно да ги спроведува своите програмски определби.
Утрешната средба се смета за прв сериозен тест за кохезијата на идната владина коалиција. Останува да се види дали Мицкоски ќе биде подготвен да ги прифати овие барања за да обезбеди брзо и стабилно формирање на новата Влада или, пак, ќе следуваат подолги и потешки преговори за секое министерско и директорско место.
Извор: 4Њуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВРЕДИ ја зголемува цената: По изборниот успех,…
По официјализирањето на изборните резултати и постигнатиот…
Зеленски: Тешка е состојбата кај Покровск и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…
Макрон и Абас: Плановите на Израел за…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека…
Турски обвинител бара 2.000 години затвор за…
Турскиот обвинител побара 2.000 години затвор за…
Загреб ги забрани усташките симболи, слогани и…
Градското Собрание на Град Загреб денеска гласаше…