Објавено на:

Турски обвинител бара 2.000 години затвор за најголемиот противник на Ердоган

t

Турскиот обвинител побара 2.000 години затвор за градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу — главниот политички противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Според обвинението во кое имал увид „Ројтерс“, Имамоглу се товари за создавање криминална организација, поткуп, измама и местење јавни набавки.

Главниот истанбулски обвинител Акин Ѓурлек соопшти дека случајот опфаќа 402 осомничени и дека државата претрпела штета од 160 милијарди турски лири (околу 3,8 милијарди долари). Адвокатот на опозициската Републиканска народна партија (CHP) изјави дека обвиненијата се неосновани и политички мотивирани.

Имамоглу од март е во притвор и чека судење за корупција, а претходно доби и одделна казна затвор поради навреди кон градски обвинител.

Истанбулското обвинителство истовремено побара и забрана за опозициската CHP, обвинувајќи ја дека се финансирала незаконски. Партијата тврди дека станува збор за политички прогон, додека владата го негира тоа.

Од неуспешниот пуч во 2016 година, Турција има приведено повеќе од 390.000 лица под обвиненија поврзани со тероризам, а над 113.000 се во затвор, објави агенцијата „Анадолија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девојка од 22 години стана прв тренер…

Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…

(Видео) Анталија е во пламен — почина…

Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…

Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Турција заработи над една милијарда долари од…

Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…

Меџити: Пријателството меѓу Македонија и Турција останува…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по…