Врнежите предизвикаа ново свлечиште на патот кон тетовско Бањиче, ЦУК апелира да не се патува преку оваа делница
Од Центарот за управување со кризи велат дека екипи од Општина Тетово се на терен и ја следат ситуацијата
Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва извести дека поради обилните врнежи од дожд повторно дошло до свлечиште на патот кон тетовското село Бањиче, поради што се апелира до граѓаните да не патуваат преку оваа делница.
Од фотографијата што ја објави ЦУК на дел од коловозот што води кон ова село можат да се видат големи одрони од земја, паднати стебла и гранки од дрвја.
„По добиена пријава на бројот за итни повици 112, се известува дека поради врнежи од дожд повторно има свлечиште на патот кон Бањиче. Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата. Општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата“, се вели во известувањето од ЦУК.
Обилните врнежи од дожд кои ја зафатија земјава предизвикаа поплави и одрони во западните делови од државата.
Во вонредно известување, претходно од ЦУК соопштија дека во околината на Тетово и Гостивар се регистрирани одрони на патните правци Гостивар – Стража и Тетово – Бањиче, поради што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања.
Поради поплави во повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“ во Кичево се вршеше евакуација на жители, а поплави во подруми, гаражи и дворови се пријавени и на повеќе локации во Охрид.
Од ЦУК информираа и за поплавено земјоделско земјиште и дворови од куќи, поради излевање на реката Вардар во селото Балин Дол, на Лукавичка Река во селото Бало Турчане и на Сушичка Река во селото Горно Бањице.
Поплави и одрони поради обилниот дожд се регистрирани и на териториите на општините Боговиње, Битола и Ресен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Врнежите предизвикаа ново свлечиште на патот кон…
Од Центарот за управување со кризи велат…
(Видео) Божиќно бебе во скопската Зоолошка градина
Празничната магија пристигна во скопската Зоолошка градина!…
НАПАДНАТИ СМЕ, ИСПУКАЈТЕ ТОРПЕДА, ПОТОПЕТЕ ГИ АМЕРИКАНСКИТЕ…
Москва „гори“ од силни реакции откако Вашингтон…
Зеленски вели дека Европејците не дале „недвосмислен…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не…
Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…