Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото со ликот на Свети Јован Рилски
Вселенскиот патријарх Вартоломеј го пофали изборот на Бугарија да го аплицира на евромонетите ликот на Свети Јован Рилски. Ова денеска за време на говорот го акцентираше Вартоломеј, по литургијата со бугарскиот патријарх Даниил, кому му се обраќаше со „Неговото Блаженство, софискиот митрополит и патријарх на цела Бугарија“.
-Знаеме, Ваше Блаженство, дека од 1 јануари наредната година Бугарија влегува во финансиската зона на еврото. Радосно изненадување за секого од нас предизвика фактот што евро-монетите на Вашата земја ќе го носат релјефниот лик на свети Јован Рилски! Тоа на најсвечен начин сведочи и ја нагласува нераскинливата врска на бугарскиот народ со нашата света православна вера. Воедно, тоа дава и силно сведоштво дека економијата не може да се разбира самостојно и да се води од алгоритми и студени пресметки, туку мора како своја појдовна точка да ја има божествената Икономија – Домостроителството на љубовта и почитта кон човекот, чија цел не е само задоволување на земните потреби, туку осветување и обожување по благодат. Човечките работи не функционираат во вистински интерес на човекот кога се развиваат без почит кон духовните вредности. Економијата што е подредена на сопствени закони и што Го занемарува Бога и вечното назначение на човекот, неминовно води кон распаѓање на општественото ткиво и, на крајот, не придонесува за правилно разбраниот економски напредок, изјави Вселенскиот патријарх Вартоломеј, потсетувајќи декка „преку достојниот за пофалба избор на конкретната монета, Бугарија испраќа порака до европското семејство, но и пошироко од него, за христијанското разбирање на парите – не како средство за користољубиво збогатување, туку како дејствување на љубовта.“
-Љубовта на Воплотениот Бог, која целосно ја живеел и на која поучувал оној што се откажал од златото на дарежливиот царски подарок – свети Јован Рилски! Токму таква била и пораката на византиските монети, кои најчесто од едната страна го прикажувале ликот на Спасителот Христос. Ништо друго не ни преостанува, освен да ја пофалиме оваа за пример иницијатива на Вашата татковина и да посакаме нејзината убава порака целосно и насекаде да биде разбрана, изјавил Вартоломеј.
Тој го потстеил бугарскиот патријарх дека во Истанбул, под покровителство на Вселенската патријаршија живеат многу верниците од различно национално потекло, а меѓу нив живеат и бројни православни христијани од бугарско потекло, кои, како и сите други, уживаат целосно внимание, пастирска грижа и заштита од Вселенската патријаршија, со почит кон нивната јазична или каква било друга особеност во обичаите.
-Тука „нема веќе ни Јудеј, ни Елин“, туку сите сме „едно во Христа Исус“ (Гал. 3:28), далеку од каква било дискриминација. Во тоа лично ќе се уверите и утре, за време на Вашата света Литургија со учество на бројни архиереи во блискиот храм на свети Стефан. Под постојаната пастирска грижа на Архиепископот на Константинопол – Новиот Рим, и на добриот предстојател на заедницата, архимандритот на нашиот Вселенски престол Харалампиј Ничев, бугарскојазичните верници што живеат тука духовно и општествено напредуваат во оваа земја, горди на своето наследство и традиција. Истакнати членови на нивната заедница беа и достојно одликувани со црковни офикии од Мајката-Црква за својата ревност, изјавил Вартоломеј.
Тој потсетил и на посланието од одбележувањето на 1700 годишнината од првиот вселенски собор во Никеја, дека Црквата е повикана да сведочи за „Исус Христос пред современиот свет што не ја познава вистината и што е разнишан од многубројни бури – неправди, војни, несогласувања, судири и раздори – како вистински Негови ученици“.
-Уверени сме дека во овој дух ќе одиме заедно и ќе се соочуваме со сите општоцрковни, канонски и богословски прашања на современоста, потпирајќи се единствено на Оној што Себеси се нарекува Пат, Вистина и Живот, „за изградување на телото Христово“за спасение и осветување на мнозина, истакнал Вселенскиот патријарх.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото…
Вселенскиот патријарх Вартоломеј го пофали изборот на…
Договорот за изградба на железнички тунел со…
Собраниската комисија за надворешна политика и надворешна…
Пожар во бугарска банка: Нафталин на банкноти…
Во експозитура на банка во Горна Орјаховица…
Денес е Божиќ според Грегоријанскиот календар
Католичките верници ширум светот денеска го слават…
Денес се празнува Свети Спиридон Чудотворец, епископ…
Место на раѓањето и на службата на…