Денес е Божиќ според Грегоријанскиот календар
Католичките верници ширум светот денеска го слават католичкиот Божиќ, а секоја земја си има свои традиции.
Божиќ, 25 декември по Грегоријанскиот календар го прославуваат Римокатоличката црква, протестантските цркви како и некои православни цркви кои прифатиле ново сметање на времето.
Во христијанството се верува дека Христовото раѓање донело светлост на вистината за човековиот род и дека со тој настан е исполнето старозаветното пророштво за раѓање на Спасителот.
Редакцијата на Инфомакс, на сите верници кои денес го слават раѓањето Христово, им го честита големиот празник со желни за мир, среќа и љубов.
Во продолжение традиции од различни држави:
Велика Британија
Санта Клаус или Дедо Мраз на 25 декември носи подароци низ оџаците, а за тоа време Британците уживаат во мисирка подготвена на англиски начин, но и во божиќниот пудинг и „mince pies“ тортици од лиснато тесто полнети со суво овошје. Британците во текот на божиќното славење посетуваат и т.н. „пантомими‟ луди изведби на бајки или историски настани. По повод празникот има многу светлечки украси на улиците и плоштадите. Година поради пандемијата од коронавирус, насекаде во светот се забранети групирањата.
Франција
Врвот на Бадник, т.е. на божиќното славење е Le Revellion, т.е. божиќниот оброк. La Buche de Noel, чоколаден бисквит ролат во облик на стебло, сместено пред накитената елка, го симболизира стеблото од дамнешни времиња. Тука истото тоа стебло во дамнешни времиња го палеле со цел со светлината да ги истераат духовите. Но, кога веќе постојано ја спомнуваме накитената елка, треба да напишеме и кој прв ја поставил! Првата елка светнала во покраината Алзас во почетокот на 17 век. Во 1840 година војвотката Орлеанка го пренела божикното дрвце во Париз. Француските деца на Бадник покрај каминот оставаат чисти чевли и едвај чекаат да помине ноќта, затоа што наутро на Божиќ ќе најдат подароци во нив!
Италија
Според католичкиот обичај 24 часа пред Бадната вечер треба строго да се пости. По заоѓање на сонцето пукањето од топот на Castel S. Angelo во Рим, го означува почетокот на празникот. Во 21 часот во црквите почнува света миса. По мисата се пристапува на празничен оброк во кругот на семејството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин
Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…
Денес се празнува Светиот маченик Луп
Овој свет маж беше слуга кај Свети…
Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…
Денес се празнува Светиот апостол Тадеј
Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј…
Денес се празнува Светиот пророк Самуил
Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот.…