Втор круг локални избори: Избирачките места се отворени
Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Сите избирачки места се отворени навреме.
Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари.
Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1 013 375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаат 474 304 избирачи.
Во главниот град во општините Центар, Аеродром, Карпош ќе има две ливчиња за гласање бидејќи се избира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места ќе се гласа за градоначалници и ќе има прегласување и за советници. Во останатите општини ќе се гласа само за градоначалник.
Гласачите на избирачкото место ќе можат да одат само еднаш во период од 7 до 19 часот. Може да биде продолжено доколку на избирачкото место во 19 часот има останато гласачи, или доколку има прекин на гласањето во текот но со одлука на ОИК или ДИК.
Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Ова се осми Локални избори во земјата, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.
На Локалните избори 2025 вкупно учествуваат (прв и втор круг) 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историски најниска излезност на локалните избори: За…
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…
МВР презема мерки за мирен, фер и…
Министерството за внатрешни работи за време на…
Османи: Србија се обидува да купи гласови…
Косовскиот претседател Вјоса Османи изјави дека Србија…
Јавното обвинителство и ДИК формираа Комисија за…
Јавното обвинителство и Државната изборна комисија (ДИК)…
Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…
Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…