Вучиќ победил во Куманово — Стоилковиќ ги сподели резултатите со слика од рузмарин
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ објави дека на српските парламентарни избори во Куманово, листата „Обединета Србија“ освоила 487 гласа, а студентската листа „Студентите победуваат“ добила 35 гласа.
Тој објавата ја придружи со слика од гранче рузмарин, песна што стана дел од изборната кампања на Српската напредна партија (СНС) и за која Александар Вучиќ претходно зборуваше во телевизиско гостување.
Вучиќ објасни дека песната „Рузмарин“ почнале да ја пуштаат на предизборните настани откако забележал дека луѓето се веселат на неа. Подоцна дознал дека таа била омилена песна на Ратко Младиќ, но рече дека претходно не знаел за таа поврзаност.
„Навистина е убава песна. Се надевам дека ќе се пее во недела навечер. Ние секако ќе ја пееме. Без разлика дали ќе победиме или ќе изгубиме, ние ќе ја пееме“, рече Вучиќ.
Стоилковиќ не наведе извор на податоците, ниту појасни дали станува збор за конечните резултати од гласањето во Куманово.
Во друга објава на Фејсбук, Стоилковиќ ѝ честиташе на „Студентската листа“ и изрази надеж дека новото политичко раководство во Србија ќе продолжи да ги зајакнува врските со српската заедница во регионот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…