Газда на фирма затаил околу 120.000 евра данок преку лажни книжења за продажба на нафта

t

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма кој затаил данок од над 117.000 евра преку фиктивни книжења од продажба на нафта.

Осомничениот, со иницијали М. Д., во 2021 година преку фиктивно книжење присвоил парични средства од продажба на нафта и на нафтени деривати во износ од околу 114.000 евра.

Според Управата, тој не пресметал и не уплатил данок на личен доход во износ од 12.714 евра.

Дополнително, осомничениот преку фиктивни сметководствени записи извршил промени во евиденцијата на залихи, приходи, обврски за ДДВ и во набавната вредност на продадената стока, со што избегнал плаќање на данок на додадена вредност од 26.879 евра, данок на личен доход од 12.714 евра и на данок на добивка од 10.800 евра.

Финансиската полиција наведува и дека во 2024 година М. Д. присвоил евидентирана залиха на стоки во вредност од 205.304 евра, која не ја прикажал како кусок во сметководството на фирмата.

Со тоа, според наводите, не бил пресметан и платен данок на додадена вредност од околу 31.290 евра и данок на личен доход од околу 22.800 евра.

Од Управата додаваат дека пријавениот го оштетил Буџетот на Македонија за вкупно 117.216 евра, а против него биле поднесени кривични пријави за „даночно затајување“ и за „фалсификување или уништување на деловни книги“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…

На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…

Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…

Утрово во 03:00 часот во кругот на…