Галибаф: Цената на нафтата ги побива тврдењата на САД за контрола врз Ормуската Теснина
Претседателот на Иранскиот парламент и главен преговарач, Мохамед Багер Галибаф, ги оспори тврдењата на САД дека презеле контрола врз Ормуската Теснина, укажувајќи притоа на сè уште високата цена на нафтата.
Галибаф синоќа на платформата „Икс“ наведе дека со нафтата се тргува по цена за околу 35 долари за барел повисока од нивото пред војната.
„Или пазарот е глуп или американската пропагандна машинерија ја фалсификува реалноста“, напиша Галибаф на англиски јазик.
Тој иронично додаде дека за оние што ѝ веруваат на американската верзија на случувањата во Ормуската Теснина постои „бесплатен долар на автомат“, повикувајќи ги да одат и да си го земат.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во саботата изјави дека САД имаат целосна контрола врз Ормуската Теснина и го отфрли најновиот мировен предлог на Техеран како „неприфатлив“.
Трамп истакна дека САД „убедливо победуваат“, додека Иран трпи огромни загуби поради американската поморска блокада и економските мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Галибаф: Цената на нафтата ги побива тврдењата…
Претседателот на Иранскиот парламент и главен преговарач,…
Во Берово измерен еден степен, еве каква…
Најстудено утрово беше во Берово каде е…
Гаши и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска престојува…
Нафтата скокна над 3% откако Трамп го…
Пазарите веднаш реагираа на неуспехот на последната…
Вучиќ и ја предаде должноста на Брнабиќ
Александар Вучиќ, кој вчера ја потпиша својата…