Објавено на:

„Гардијан“: Си во Белград, а остатокот од Европа под кинески шпионски напад

t

Додека властите ширум Европа се борат со бран шпионски напади, за кои има сомневање дека ги спроведува Кина, Белград го пречека Си Џинпинг со највисоки државни почести, пишува „Гардијан“.

Британскиот премиер Риши Сунак вчера откри дека „злонамерен актер“ ја компромитирал евиденцијата за платите на британската војска, а извештаите сугерираат дека зад тоа стои Кина, наведува весникот

Во еден случај, тројца германски државјани беа уапсени под сомнение дека организирале пренос на информации за чувствителна технологија во Кина. Во друг случај, еден човек по име Џијан Г, кој работел за германски европратеник од екстремната десница, бил уапсен под сомнение за шпионажа. Максимилијан Кра, европратеник на Алтернатива за Германија, за кого работеше Џијан Г, негираше каква било вмешаност, пренесе МИА.

Во Белгија, властите во јануари отворија кривична истрага против екстремно десничарскиот политичар Франк Крејелман , откако истрага на „Фајненшел Тајмс“, „Шпигел“ и „Монд“ покажа дека тој бил користен неколку години како средство на кинеската разузнавачка служба.

Експертите велат дека неодамнешното зголемување на апсењата и истрагите го одразува променливото расположение во Европа кон кинеските закани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се слушаат врисоци пред несреќата: Објавено…

На социјалните мрежи се појави видео на…

Ахмети: Се прават планови во црвените подруми…

Одлуката што ја донесе ДИК и ја…

Израел брутално ја напаѓа Газа додека советникот…

Израелски авиони и тенкови ги нападнаа областите…

СО „ХОНДА“ УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ! Турски државјанин…

Денеска (19.05.2024) во 02.50 часот, полициски службеници…

Се чека исказот на Палчо: Истрагата за…

Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски,…