Гаши: Нека Велигден биде поттик за уште поголемо разбирање, хуманост и почит меѓу сите граѓани

t

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод празникот Велигден упати честитка.

„По повод големиот христијански празник, Велигден, до сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрени честитки со желби за добро здравје, мир, благосостојба и духовен спокој.

Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, кога се слават љубовта, солидарноста и меѓусебната почит, уште еднаш се потврдува значењето на вредностите што нè поврзуваат како општество и нè упатуваат кон заеднички напредок.

Посакувам празничните денови да донесат радост во домовите, спокој во срцата и надеж за подобро утре. Нека Велигден биде поттик за уште поголемо разбирање, хуманост и почит меѓу сите граѓани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши: Нека Велигден биде поттик за уште…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…

Денес се празнува Воскресение Христово – Велигден

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…

СДСМ: Јагнешкото е 700 денари, поскапеа и…

Соопштение за јавност на СДСМ Владата предводена…

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје…

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре…

Папата Лав XIV ги повикува оние што…

Додека христијаните ширум светот го слават Велигден,…