Гаши: По локалните избори, сè ќе продолжи да тече како што треба. Сонцето повторно ќе изгрее и на денот после изборите

t

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вели дека не очекува да има инциденти за време на локалните избори закажани за 19 октомври, а за такво нешто не станало збор ниту на Советот за безбедност, чиј член е по функција.

Гаши ова го кажа на денешниот брифиг со новинарите во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање во врска со Декларацијата за фер и демократски избори што в петок треба да се најде на дневен ред пред пратениците, како и за наративот што преовладува меѓу кандидатите за градоначалници од коалицијата ВЛЕН и „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ.

Имено, претседателот на Собранието беше прашан дали стравува дека во Чаир можат да се случат некакви инциденти поради заострениот наратив и реторика на двајцата противкандидати.

Оценувајќи го прашањето како политичко, Гаши рече дека не треба да дава коментар, но сепак, како што кажа, ќе го каже својот став во општи рамки. Во тој контекст собранискиот спикер кажа дека неговата иницијатива со Декларацијата, меѓу другото, е и во таа насока и оти е срамота по повеќе од три децении независност и плурализам сè уште да се говори за предизборни и изборни инциденти.

„Јас се надевам дека по 34 години независност и плурални избори од 1990 година е срамота како општество и држава да зборуваме повторно за поголеми инциденти. Изборите се најдобриот индикатор за развојот на демократијата. И мислам дека на денот на локалните избори, без разлика колку некои избори се битни или небитни, не смее во никој случај да се загрози правото на ниту еден граѓанин да ја изрази својата волја и да гласа за кого тој сака. Ние како Собрание правиме сè што можеме сите актери во изборите да го слушнат овој глас – дека политичката битка не вклучува инциденти. Зошто да има инциденти?“рече Гаши.

Надоврзувајќи се на ова прашање, тој рече дека претстојните избори се важни од аспект на решавање на локалните проблеми на граѓаните и оти не може секои избори да ги сведуваме на, како што кажа, живот или смрт.

„Овие избори се за решавање на проблемите на граѓаните кои ги имаат во општините, локални проблеми, со канализација, водовод, чистење смет, чист воздух, чисти општини, развојни проекти. но да се сведе ова на наративот да се биде или не, воопшто не се согласувам. Нема никаква индиција дека за тоа се зборува. Од 2 ноември, кога ќе завршат локалните избори сите институции, Собранието и Владата ќе продолжат со своите активности, сè ќе продолжи да тече како што треба. Сонцето повторно ќе изгрее и на 3 ноември“, рече Гаши.

Во таа насока, тој повика на максимална смиреност и на фер и демократски избори, во рамките на кои секој треба да си го понесе својот дел од одговорноста – политичките актери, активистите, граѓанското општество и новинарите, за кои рече дека исто така се многу битен фактор во овој процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавното обвинителство и ДИК формираа Комисија за…

Јавното обвинителство и Државната изборна комисија (ДИК)…

Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…

Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…

На изборите во Косово право на глас…

Централната изборна комисија на Косово денеска го…

Голема победа на СНС во Белград: Листата…

Според проценките на Цесид и Ипсос, врз…

Најкрвавите избори во модерната историја на Мексико:…

Изборите во Мексико, кои ќе се одржат…