Гаши: Ставот за пресудата на водачите на ОВК е личен и имам право на тоа
Претседателот на Собранието Африм Гаши пред медиумите го бранеше ставот со кој се произнесе за пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Кадри Весели. Според Гаши тој, иако е прв човек на парламентот, има право на своја приватност и став и како граѓанин и како политичар за одредена настан, ситуација или прашање, независно од функцијата на која во моментов се наоѓа. И, токму затоа тој чувствувал должност да се произнесе.
Минатата недела на денот на пресудата за четворицата водачи на ОВК – првио парламентарец преку соџијалните мрежи потенцираше дека „ниту една пресуда не може да го негира фактот дека Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими се дел од славното поглавје во историјата на Косово. Во време кога слободата на Косово, како и мирот и стабилноста во регионот, сè уште беа идеал за кој требаше да се бори, тие имаа храброст да се вклучат и да ја преземат историската одговорност за носење слобода на својот народ“ напиша тогаш на Фејсбук претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.
Во неговиот пост уште и се вели дека „за албанскиот народ, тие се и остануваат ослободители на Косово. Војната на ОВК, жртвите и несебичноста на оние што ја предводеа и беа нејзин дел, го претставуваат патот што доведе до слободата на Косово и до нова ера на мир и стабилност во регионот. Денешната пресуда е од прв степен, бидејќи борбата за правда продолжува“.
Ваквата негова позиција беше остро критикувана од опозицијата. Социјалдемократите се јавија со реакција дека зборовите на претседателот на Собранието, Африм Гаши за пресудата се крајно несоодветни, бидејќи тој извршува државна функција, претседател на Собранието и е претставник на држава што сака да биде дел од ЕУ.
„Не може двојни аршини. Ова не е пресуда против албанскиот народ. Не е пресуда против правото на Косово на слобода. Судот суди поединци. Кој денеска ја претвора пресудата во етничка лекција, прави иста грешка како оној што злосторството го крие зад некое знаме“, напишаа тогаш во своето соопштение од Бихаќка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши: Ставот за пресудата на водачите на…
Претседателот на Собранието Африм Гаши пред медиумите…
САД ги повикаа сите да ја прифатат…
Соединетите Американски Држави соопштија дека ја почитуваат…
Османи и Курти за денот на КБС:…
Косовскaта претседателка, Вјоса Османи, вршителот на должноста…
Министерство за правда на Косово: Околу 33…
Косовското Министерство за правда објави дека од…
Продолжува судењето против поранешните водачи на ОВК…
Денеска пред Специјалниот суд во Хаг продолжува…