Георгиева кажа кои земји ќе бидат најпогодени од војната во Иран, има ризик и од социјални тензии
Од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) велат дека последиците од конфликтот во Иран веќе се чувствуваат преку зголемени инфлациски притисоци и забавување на економската активност. Управната директорка Кристалина Георгиева предупредува дека дури и во случај на брзо смирување на ситуацијата, Фондот ќе биде принуден да ги ревидира надолу своите прогнози за раст, а нагоре за инфлацијата.
Најранливи остануваат сиромашните земји, особено оние што зависат од увоз на енергија. Со ограничен буџетски простор, тие имаат малку можности да ги заштитат своите граѓани од растечките цени, што го зголемува ризикот од социјални тензии. Дополнително, дури 85 проценти од земјите членки на ММФ се нето-увозници на енергија, што ја прави кризата глобално чувствителна.
Фондот веќе работи во координација со Светската банка и други институции за ублажување на последиците, а дел од земјите веќе побарале финансиска поддршка. Сепак, Георгиева предупредува дека широките субвенции за енергија не се долгорочно решение, бидејќи можат дополнително да ја засилат инфлацијата.
Главниот удар доаѓа од енергетскиот сектор. Нарушувањата во снабдувањето, особено поради случувањата околу Ормутскиот теснец, кој е една од најважните артерии за транспорт на нафта и гас во светот, доведоа до значително намалување на глобалните резерви. Според проценките, снабдувањето со сурова нафта е намалено за околу 13 проценти, што веднаш се одразува врз цените и производствените трошоци ширум светот.
Нарушувањата се прелеваат низ целите синџири на снабдување, вклучувајќи и клучни ресурси како природниот гас, хелиумот и ѓубривата. Овие индустриски и земјоделски инпути се директно поврзани со производството на храна и индустриското производство, што дополнително ги зголемува ризиците за глобалната економија.
Војната во Иран почна пред повеќе од еден месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Георгиева кажа кои земји ќе бидат најпогодени…
Од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) велат дека последиците…
Иран: Заканите на Трамп нема да придонесат…
Портпаролката на владата на Иран, Фатемех Мохаџерани,…
Иран започна да дели таблети со јод…
Здравствените власти во јужниот пристанишен град Бушер,…
Франција ги осуди заканите на Трамп кон…
Нападите врз иранската цивилна инфраструктура, со кои…
Мисајловски: Партнерството со САД ќе продолжи да…
Денес ја предводев првата сесија на Стратешкиот…