Мисајловски: Партнерството со САД ќе продолжи да се развива како силен столб на нашата безбедност и стабилност

t

Денес ја предводев првата сесија на Стратешкиот дијалог со САД во Вашингтон, посветена на одбранбените и безбедносните прашања, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Партнерството со САД ќе продолжи да се развива како силен столб на нашата безбедност и стабилност. Голема благодарност за континуираната поддршка и доверба, кои се клучни за нашиот напредок. Во наредниот период, фокусот ќе биде ставен на продлабочување на соработката преку нови договори, заеднички иницијативи, опремување и напредни обуки. Работиме на унапредување на капацитетите на Армијата, следејќи ги современите безбедносни предизвици и потребата од поголема подготвеност и ефикасност. Ги презентирав и плановите за наредниот период, со фокус на континуирано инвестирање во одбраната и безбедноста. Посветеноста останува насочена кон модернизација, интероперабилност и подготвеност, со цел целосно исполнување на НАТО целите на способности, истакна Мисајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ со осуда за дрското однесување на…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по…

На избори се добива мандат, не тапија…

„На избори се добива мандат – не…

Силен земјотрес ја погоди Грција

Утрово Грција беше погодена од силен земјотрес…

Синови тепаат татковци – пријавени се три…

МВР информира дека вчера попладне во 12:30…

Израел ѝ го честиташе Денот на независноста…

Израел се приклучи на бројните држави и…