Објавено на:

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

t

Германија денеска го регистрираше највисокиот температурен максимум во својата историја, откако во екот на силниот топлотен бран беа измерени 41,3 степени Целзиусови.

Екстремните горештини зафатија голем дел од земјата, предизвикувајќи сериозни проблеми во секојдневното функционирање, особено во сообраќајот, јавниот превоз и енергетскиот систем. Надлежните служби апелираат граѓаните да избегнуваат движење на отворено во најтоплиот дел од денот, да внесуваат доволно течности и да обрнат посебно внимание на постарите лица, децата и хронично болните.

Рекордната температура е дел од силниот топлотен бран што деновиве ја зафати Европа, при што во повеќе земји се бележат екстремно високи температури. Климатолозите предупредуваат дека ваквите појави стануваат сè почести и поинтензивни, а летните горештини сè повеќе претставуваат ризик за здравјето, инфраструктурата и нормалното функционирање на градовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

Германија денеска го регистрираше највисокиот температурен максимум…

Поранешен советник на Трамп призна вина за…

Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност…

Костовски до Ахмети: Бутел не е на…

Бил Али Ахмети во Бутел и на…

Галетановски до Левица: Не ги фолирајте граѓаните,…

Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје,…

ОН бара истрага за смртта на мигранти…

Високиот комесар на ОН за човекови права,…