Костовски до Ахмети: Бутел не е на продажба

t

Бил Али Ахмети во Бутел и на јавен говор ги повикал Албанците во општина Бутел да се обединат. Но, за што? Ако Ахмети бара обединување, тоа, според мене, пред сè е заради криминал, поточно за негово лично богатење и за богатењето на неколкумина негови послушници. Тоа е првото, реагира градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Второ, за градење згради и создавање урбан хаос, кој нему лично и на неколкумина други им носи финансиски бенефит. Секоја чистинка во Бутел, секој парк, тие го гледаат како место за облакодер и бетонски хаос. Додека Ахмети и ДУИ имаа можност да им помогнат на Албанците во Бутел, додека беа на власт, не најдоа начин ниту да обезбедат чиста вода за пиење за жителите на Љуботен, ниту нова градинка во Бутел 2. Денес тоа е веќе завршена работа, но не благодарение на него. ДУИ 2017-2021 имаше и заменик градоначалник на општина Бутел, а богами и “градоначалник” тој период ќе остане како најтемен во историјата на оваа убава општина. За среќа еден куп планови од тој период целосно ги поништив. Ете, кога тој сè почесто индиректно ми се обраќа, јас ќе му се обратам директно: Јас работам на соживот, сакам мир и работам на тоа преку проекти и конкретни резултати, а не со голи говори прикладни за 19 век“, вели Костовски.

Тој вели дека остануваат цврсто да го штитат Бутел.

„Тоа што навеќе ве боли е дека Бутел не е на продажба, за тие ваши обиди во некоја друга прилика. Заедно со граѓаните остануваме цврсто да го штитиме Бутел од хаос, од бандити, криминалци и урбана мафија. Општина Бутел секој ден станува сè поубаво место за живеење. Тие што не ѝ мислат добро на општината уште долго ќе гледаат од трибините, ќе навиваат, ќе свират, ќе навредуваат, но нема да играат. Така сакаат граѓаните, со доминантно мнозинство. Граѓаните не сакаат поделби и празни ветувања. Сакаат улици, паркови, градинки, училишта, спортски центри, чиста вода, безбедност и ред. Токму тоа е мојот фокус и така ќе продолжам да работам за секој жител на Бутел, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност. Морам да истакнам дека во таа борба покрај граѓаните со мене е владата, со целосниот свој капацитет. Секако лично е тука и претседателот Христијан Мицкоски, лично“, пишува Костовски во својата објава на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…

Поранешниот адвокат на Трамп доби нова функција:…

Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го…