Објавено на:

Германија пријави рекорд од речиси 14.000 видувања на НЛО

t

Германија бележи невиден рекорд во бројот на пријавени сигнали за неидентификувани летечки објекти (НЛО), пренесува Euronews.

Според податоците на Централната истражувачка мрежа за необични небесни појави во Германија (CENAP), организацијата добила речиси 14.000 пријави од граѓани само во последните неколку дена. Огромниот интерес и последователниот скок во бројот на пријави биле предизвикани од декласифицираните извештаи и јавните изјави на Пентагон и американската разузнавачка заедница во врска со НЛО, официјално класифицирани како „неидентификувани аномални феномени“ или UAP.

По спроведените детални анализи, експертите од CENAP успеале да идентификуваат и објаснат голем дел од снимените и опишаните објекти. Во повеќето случаи станува збор за природни астрономски и атмосферски феномени, како метеори, или за вештачки објекти — сателити од констелацијата Starlink на SpaceX, комерцијални авиони, дронови, метеоролошки балони и небесни фенери.

Сепак, и покрај систематските проверки, одреден број случаи официјално остануваат необјаснети. Овие објекти не можат да бидат категоризирани врз основа на достапните податоци, што продолжува да ги поттикнува дебатите меѓу научниците и ентузијастите за природата на аномалиите забележани на небото над Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија пријави рекорд од речиси 14.000 видувања…

Германија бележи невиден рекорд во бројот на…

Сè повеќе мажи во Германија немаат деца

Сè поголем број мажи во Германија немаат…

Холанѓанец плати 10.000 евра за брзо возење…

23-годишен Холанѓанец бил запрен од германската полиција…

Нивото на Рајна падна на најниско ниво…

Нивото на реката Рајна падна на најниско…

Албанија и Германија потпишаа договори за финансирање…

Албанија и Германија потпишаа три договори за…