Сè повеќе мажи во Германија немаат деца
Сè поголем број мажи во Германија немаат деца, покажуваат податоци на Институтот за општествени науки GESIS-Leibniz, објавени ексклузивно за Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
Во 1980 година, нешто помалку од 34 проценти од мажите постари од 18 години немале деца. Денес тој удел достигнува 40 проценти.
Најголем пораст има кај мажите во триесеттите години. Кај оние на возраст од 30 до 34 години, уделот на мажи без деца се зголемил од 42 на 69 проценти – речиси 30 процентни поени.
Кај мажите од 35 до 39 години, бројката пораснала од 22 на 54 проценти, односно за повеќе од 30 процентни поени.
Во исто време, значително е намален и бројот на мажи кои живеат во стабилна партнерска врска. Според студија од 2024 година на Федералниот институт за истражување на населението, во 1986 година 93 проценти од мажите биле во постојана врска, додека денес нивниот удел е 79 проценти.
Но, зошто се случува ова?
Според Клаудија Ранфелд, професорка која го истражува машкиот стремеж кон родителство, една од причините се сè потешките услови за основање семејство.
Финансиската стабилност, сигурната работа и сопствениот стан сè почесто доаѓаат подоцна во животот. А со тоа, според неа, се одложува и можноста мажите да ја остварат желбата да имаат деца.
Дополнително, изборот на партнер станува поселектиран од двете страни. Ранфелд посочува дека со поголемата економска и социјална независност на жените, изборот на партнер за основање семејство станува повнимателен.
Резултатот е јасен тренд: сè повеќе мажи во Германија влегуваат во повозрасни години без деца – а дел од нив можеби никогаш нема да ја остварат желбата за родителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…
Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…
Германската економија во голем број сектори има…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…