Објавено на:

Голем пожар во Саранда, во опасност станбени објекти и познат манастир

t

Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот приморски град Саранда, во област, во близина на хотелот „Туризам“, кој го зафати зелениот појас над градот, поточно во областа засадена со борови дрвја во близина на познатиот манастир „40 маченици“.

Според извештаите, пламенот и чадот предизвикале тревога во областа, како и меѓу туристите, додека сè уште нема официјални информации за причината за пожарот.

Во меѓувреме, се известува дека пламените јазици брзо се шират низ густата вегетација, создавајќи критична ситуација и опасно се приближувајќи се до станбени згради.

Освен противпожарните сили, кои веднаш пристигнале и интервенираат на терен, вклучен  е и  хеликоптерот „Кугар”.

Поради брзото ширење напорите на екипите за итни случаи максимално се ангажирани во создавање заштитни појаси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Саранда, во опасност станбени…

Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…