Голем пожар во фабрика за опасен отпад во Хрватска: граѓаните добиле смс да не излегуваат од дома
Пожарот што избувна синоќа во зградата на хрватската компанија ЦИАК, која складира опасни материјали, сега е под контрола, објави претседателот на Противпожарната служба на Крапинско-Загорската жупанија, Стјепан Скулибер. – пренесуваат медиумите.
„Сè уште не е целосно изгаснат, но е под контрола. На местото на настанот остануваат седум пожарникари со три возила, а наскоро се очекува нивна замена. Исто така, во текот на утрото, тие ќе одат во самата компанија за да го изгаснат пожарот, а досега пожарникарите го гаснеа пожарот однадвор“, рече Скулибер, според хрватските медиуми.
Тој потврди дека вработените во Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ вршеле мерења на квалитетот на воздухот на местото на пожарот, како и во околните области – Забок, Орославје и Велико Трговишќе, и дека резултатите се очекуваат наскоро.
Околу 3:30 часот наутро, бројни жители на хрватскиот Загорски регион беа разбудени од порака со која граѓаните беа предупредени за потенцијалната опасност поради пожар во ЦИАК од Забок, компанија која се занимава со отстранување на опасен отпад.
Синоќа, околу 23 часот, избувна пожар во зградата на компанијата ЦИАК, која складира опасни материјали, во селото Губашево во близина на градот Забок, а неколку противпожарни единици учествуваа во гаснењето на пожарот.
Во таа индустриска зона, ЦИАК има хали и фабрика за рециклирање батерии, а локалните медиуми јавуваат дека повеќе од 60 пожарникари биле на местото на настанот.
„Најопасните хемикалии се таму, најопасните отпадни хемикалии од хрватската хемиска индустрија“, изјавија работниците за новинарите. На местото на настанот пристигна и градоначалничката на Забок, Валентина Ѓурек, која рече дека горниот дел од структурата веќе се срушил, но дека сè уште не знае никакви детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар во фабрика за опасен отпад…
Пожарот што избувна синоќа во зградата на…
Тајланд продолжува со бомбардирање на Камбоџа и…
Камбоџа денеска соопшти дека Тајланд продолжил да…
Сијарто: Безбедноста на Европа ја гарантира НАТО,…
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…
Захарова: Зеленски ги уценува западните политичари со…
Европските и западните политичари се поврзани со…
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието,…
„Собранието мора да одлучува за мигрантите а…