Голема акција на Интерпол во 18 држави: Уапсени 65 лица, меѓу нив и осомничени за тероризам
Вкупно 65 лица, меѓу кои и осомничени за тероризам, се уапсени во голема меѓународна полициска операција координирана од Интерпол, во која учествувале 18 држави од Европа, Северна Африка и Блискиот Исток.
Интерпол денеска, 26 ноември, соопшти дека во рамките на операцијата „Нептун VIII“ биле извршени повеќе од 41 милион проверки во меѓународните полициски бази на податоци.
При проверките биле регистрирани 395 совпаѓања со полициските евиденции, од кои 89 се однесувале на лица барани во врска со кривични дела поврзани со тероризам.
Во Албанија била уапсена жена по која Турција распишала меѓународна потерница, откако била осудена за членство во терористичка организација.
Апсења на лица поврзани со истраги за тероризам биле извршени и во Алжир и Тунис.
На аеродромот во Љубљана биле приведени две лица со фалсификувани индиски пасоши и шпански визи, по што биле отворени дополнителни проверки за нивниот идентитет.
Во рамките на операцијата биле откриени и случаи на незаконска трговија со возила, фалсификување патни исправи и шверц на наркотични средства. Во Португалија биле уапсени две лица, а биле запленети околу 290 килограми кокаин.
Во операцијата, спроведена со поддршка на Фронтекс, учествувале Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Словенија, Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Малта, Кипар, Алжир, Мароко, Тунис, Јордан и Либан.
Македонија не е меѓу 18-те држави наведени во официјалното соопштение.
Од Интерпол нагласуваат дека меѓународната полициска соработка е клучна за спречување на прекуграничниот криминал и движењето на лица поврзани со терористички мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на Интерпол во 18 држави:…
Вкупно 65 лица, меѓу кои и осомничени…
Вучиќ најави дека би можел да штрајкува…
Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар…
Ова е кандидатот за претседател на државата…
Студентските пленуми во Србија го поддржале академик…
Велковски: Нема укинување на средствата во вториот…
Министерот за социјална политика, демографија и млади…
ЈП Македонија пат: Можна појава на поситни…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…