Голема количина боева муниција, гранати и мини пронајдени во Гостиварско

t

Поголема количина боева муниција, рачни гранати и мини биле најдени во Гостиварско. Случајот во СВР Тетово е пријавен вчера, 3.01.2026 во 18:25 часот.

-Во близина на патот на делницата помеѓу селата Митрови Крсти и Симница, Гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, рамки за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Тој посочи дека местото е обезбедено и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема количина боева муниција, гранати и мини…

Поголема количина боева муниција, рачни гранати и…

Маж од Демир Капија пријавил дека жена…

36-годишна жителка на Демир Капија вчера е…

Маж пронајден починат во својот дом

На 03.01.2025 во 12:55 часот во СВР…

Лишена е од слобода 40-годишната жена од…

Лишена е од слобода 40-годишната жена од…