Лишена е од слобода 40-годишната жена од скопско Волково која со возило удри пешак кој почина на местото

t

Лишена е од слобода 40-годишната жена од скопско Волково, која со возило удри пешак кој почина на местото

На 04.01.2026 во 00:45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 40-годишната М.С. од Скопје. Претходно, на 03.01.2026 во 20:55 часот на ул.„100“ во с.Волково, таа со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во пешакот Г.И.(60) од с.Волково. Од здобиените повреди пешакот Г.И. починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 300 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…

На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…

Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац

Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…

Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…

Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…

Утре ќе нема струја до 14:30 часот…

Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…

Tоварно возило прегази велешанка

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…