Гордана Сиљановска-Давкова: Македонското население до 2070 година може да се намали од сегашните 1,8 на 1,2 милиони

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, како главен говорник на сесија посветена на демографските промени.

Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со троен притисок: ниска стапка на наталитет, висока емиграција и брзо стареење на населението и ги сподели проекциите, според кои, македонското население може да се намали од сегашните 1,8 на 1,2 милиони до 2070 година, однос загуба од 33 отсто од сегашното население.

Оваа тријада од пад на стапката на раѓања, емиграција и стареење, според претседателката, го намалува бројот на работоспособно население и го зголемува товарот врз здравствениот, социјалниот и пензискиот систем.

Тоа, според Сиљановска-Давкова, врши притисок на мала и отворена економија како нашата.

Повика на реформирање на институциите, односно реформи во судството и на јавната администрација, но и на забрзана дигитализација на јавните услуги.

Посочи на потребата младите да ја добијат заслужената улога на двигатели на промените, преку нивно поставување на чело на дигиталната и на економската трансформација, но и преку нивно вклучување во креирањето политики.

Важно, според Сиљановска-Давкова, е и вклучувањето на дијаспората, како мотор на интелект, иновации и инвестиции.

Повика на изградба на демографски отпорно општество, преку создавање општество во кое луѓето ќе останат да живеат и да формираат семејства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гордана Сиљановска-Давкова: Македонското население до 2070 година…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на…

Мицкоски за блокадите на граѓаните без возачки…

Премиерот Христијан Мицкоски, коментираше за протестите од…

Венс по објавените фајлови за Епстин ja…

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс остро го осуди…

Лога: Државата треба да ѝ помогне на…

За протестите на дел од граѓаните од…

Трамп навредуваше новинарка затоа што го праша…

Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето…