Лога: Државата треба да ѝ помогне на Ромската заедница со финансирање за да добијат возачки дозволи
За протестите на дел од граѓаните од ромска националност поради неколкуте одземени возила поради немање возачки дозволи, дел од јавноста излезе со поддршка. Според екс-министерот за правда и поранешен член на АА, Кренар Лога, државата треба да им излезе во пресрет при нивното барање да полагаат возачки испити.
„Секој од нас треба да го почитува законот без исклучок. Меѓутоа, пред да судиме и да предрасудуваме, оваа наша Ромска заедница, која со години е оставена на маргините, треба да биде поддржана. Тоа воопшто не би претставувало трошок за државата или за општините (имајќи предвид дека речиси сите кандидати за градоначалник во своите програми имаа слична мерка) да го финансираат стекнувањето на возачка дозвола за овие мажи и жени, кои се грижат за и ги издржуваат своите семејства“, објави Лога.
Граѓаните од Ромската заедница од вчера протестираат низ повеќе градови во државата поради одземање на возилата кои ги управувале без возачка дозвола.
Ромите со тапани ја блокираа Битола
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Отворањето на градилиште за луксузното одморалиште…
Компанија поврзана со Иванка Трамп и со…
Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…
Демократски сојуз: ДУИ сака да ја дестабилизира…
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја обвини…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…
Бита Хемати може да биде првата жена…
Во светот на високата политика, имињата на…