Гори кај Блаце, во Бутел, Дојран, Кавадарци, Желино – моментално активни се 9 пожари
Центарот за управување со кризи во најновиот извештај за состојбата со пожарите информира дека до 21:30 часот регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор од кои девет се активни, а два се локализирани.
Според информациите од ЦУК, се уште активни се пожарите кај Самоков и меѓу селата Црешнево, Локвица и Слатина, како и пожарите меѓу селата Блаце и Чучер и кај Кучевишка бара, како и пожарот под Солунска глава меѓу изворите на Бабуна и Бабина Дупка.
Активни се и пожарите кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николиќ, Дојран, селото Крушевица, Кавадаречко и Горна Лешница кај Желино.
Локализирани се пожарите кај селото Рамне во Македонски Брод и кај градската депонија во Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гори кај Блаце, во Бутел, Дојран, Кавадарци,…
Центарот за управување со кризи во најновиот…
Во писмото до претседателката на БиХ, Трамп…
Во писмото што американскиот претседател Доналд Трамп…
(Видео) Секој ден се фаќаат по 30…
Секој ден се фаќаат по 30 ДИВИ…
Лажен полицаец измамил 84-годишна жена за над…
Осумдесет и четиригодишна скопјанка останала без 261…
Македонски државјанин обвинет за тероризам во Швајцарија
Федералното обвинителство во Швајцарија подигна обвинение против…