Лажен полицаец измамил 84-годишна жена за над 4 илјади евра, и рекол дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајка
Осумдесет и четиригодишна скопјанка останала без 261 илјади денари откако лажен полицаец и се јавил и и „продал“ приказна дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајка, и доколку сака да не оди во затвор ќе треба да ја плати бараната сума.
„Вчера во 18.45 часот во СВР Скопје, 84-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 261.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…