„Господ нè сочува“ – потпорен ѕид се урна врз две куќи во Тетово, сега две семејства живеат под кирија, бараат мерки и обештетување

t

„Синот беше тука кога падна ѕидот, и за малку Бог ме спаси, Бог нè сочува, бидејќи јас бев во најголем ризик од сите.“

Ова е Дилавер Јашари, жител на Тетово, чија куќа е оштетена откако порди обилните врнежи од дожд, се урна потпорен ѕид во населбата 146 во Тетово.

Освен неговата, оштетена е уште една куќа. Дилавер Јашари вели дека претрпел големи штети и дека повеќе не може да престојува во домот.

„Наутро спиевме и кога ја слушнавме бучавата, излеговме надвор. Како што гледате, го видовме ѕидот паднат, беше четири и пол часот. Кога излеговме во седум часот, дел од ѕидот веќе ми ја оштети куќата. Од вчера не живеам тука. Ми рекоа да не престојувам, бидејќи е опасно. Општината и полицијата ми кажаа да не останувам овде поради ризикот. Ние постојано бевме загрозени од ѕидот и тоа два-три пати го пријавивме во општината. Им укажувавме дека треба да го урнат, бидејќи сме во опасност. Уште од кога го изградија ѕидот знаев дека ќе падне“, вели Јашари.

Слична е состојбата и кај Мухамет Селами. Неговата куќа исто така е оштетена од ѕидот, кој според него бил изграден без дозвола и за кој три пати поднел пријава, но не биле преземени мерки.

„Кога излеговме, се слушна силен тресок. Прво помисливме дека е грмотевица, но кога излеговме надвор видовме дека кај соседот се насобрани камења и сите врескаат. Помислив дека имало жртва. Кога ги видовме камењата, не знаевме каде да одиме, беше ноќ. Утрото ги повикавме пожарникарите и полицијата. Полицијата дојде прва, пожарникарите не дојдоа, никој не се појави. Ја напуштивме куќата и изнајмивме стан. Јас сум го пријавил ова и претходно, имам документација, и кај соседот и во општината. Тоа го направив пред три години, три пати. Последниот пат беше во февруари 2025 година, но не добив никаков одговор“, изјави Селами.

Ниту Дилавер, ниту Мухамет немаат можност сами да ги санираат куќите. Тие очекуваат Општина Тетово да преземе мерки и да ги обештети.

„Ние не можеме сами. Цел живот работев за оваа куќа, а сега сум надвор. Ова мора да се реши. Цел живот градев дом, а сега останав на улица“, вели Селами.

„Немам можност, како што гледате. Колку што имав финансиски можности, толку направив, а сега ја гледате состојбата“, рече Јашари.

Побаравме одговор и од Општина Тетово, но до почетокот на ова информативно издание не добивме никаков одговор. Во меѓувреме, патот кон тетовската бања и понатаму останува блокиран, како последица на одрони поради врнежите, иако механизацијата работи на негово расчистување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Господ нè сочува“ – потпорен ѕид се…

„Синот беше тука кога падна ѕидот, и…

Адвокатката Јошевска – Атанасовска и професорката Кадри…

Адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска и професорката…

Двајца млади мажи пронајдени мртви во викендичка…

Гостиварската полиција објави дека се најдени две…

Вардар се излеа на кејот во Велес,…

Обилните врнежи од дожд во изминатите денови…

Бериша до граѓаните: Каде и да видите…

Повторувајќи го барањето до Владата да прогласи…