Адвокатката Јошевска – Атанасовска и професорката Кадри – Шахиновиќ се реформаторките кои ги предложи претседателката
Адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска и професорката Арлинда Кадри – Шахиновиќ се реформаторките кои ги предложи претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за членови на Судскиот совет.
Од Кабинетот на претседателката не ги потврдија имињата, а од Собранието потврдија само дека претседателката ги доставила предлозите, а медиумите веќе неофицијално ги објавија имињата.
Ве информираме дека по истекот на vacatio legis и стапувањето во сила на новиот Закон за Судскиот совет, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова достави предлог за кандидати за членови на Судскиот совет – рекоа од Кабинетот на претседателката.
Јошевска – Атанасовска често ги споделуваше своите ставови јавно на социјалните мрежи и медиумите, а последно реакции предизвикаа нејзините ставови за обвинението за трагедијата во Кочани, каде беше бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.
Кадри-Шахиновиќ пак беше дел од претседателската Комисија за помилување чии членови колективно поднесоа оставки откако помилуваа еден од водачите на криминалната група „Барон“. Таа е професорка на еден од приватните факултети.
Претседателката чекаше да се донесе новиот Закон за судски совет со поригорозни критериуми за да предложи нови членови во Советот на местото на поранешната претседателка на Судски, Весна Дамева и Миљазим Мустафа.
Извор: Слободен печат.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На штипскиот УГД во првиот уписен рок…
Заврши пријавување на кандидатите за упис во…
Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…
Полска ја предупреди Украина за последиците од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Михаилов: Ова што ни се случува на…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…