ГП „Богородица“ затворен поради протест на грчките земјоделци

t

Граничниот премин Богородица – Евзони од 18 часот е целосно затворен за сообраќај, откако грчките земјоделци поставија блокада на грчка територија како дел од нивниот штрајк.

Прекинот важи за сите категории возила, а колони се веќе формирани на македонската страна од границата. Состојбата во моментов е непроменета и не се знае кога преминот би можел повторно да биде отворен.

Надлежните институции упатуваат апел до граѓаните и превозниците да го избегнуваат овој граничен премин и да користат алтернативни патни правци, додека трае блокадата. Најавено е дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во режимот на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГП „Богородица“ затворен поради протест на грчките…

Граничниот премин Богородица – Евзони од 18…

Осомничен за падот на настрешницата уапсен во…

Г.Р. е уапсен во Хрватска, врз основа…

Дронови ги активираа алармите на нуклеарната базa!

Синоќа пет дронови го нарушиле воздушниот простор…

Бенефит од Safe City: 700-800 денари месечно…

Додека сите драмат за 51-60 km/h, на…

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Во Собранието е поднесена Предлог одлука за…