Дронови ги активираа алармите на нуклеарната базa!
Синоќа пет дронови го нарушиле воздушниот простор над поморската база Île Longue, една од клучните локации на француското нуклеарно одвраќање, сместена близу Брест. Морнаричките единици задолжени за безбедноста испукале повеќе истрели во обид да ги пресретнат леталата, пренесува Le Parisien. Инцидентот веднаш покренал истрага за утврдување на одговорните.
Дроновите биле забележани во четврток околу 19:30 часот, по што бил активиран системот за борба против беспилотни летала. Портпаролот на поморскиот префект на Атлантикот, капетанот фрегата Гијом Ле Расл, изјави дека станува збор за мали, ненаоружани модели „надвор од воен контекст“. Тој нагласи дека чувствителната инфраструктура не била загрозена и дека намерите на сторителите најверојатно биле „да го вознемират локалното население“.
Инцидентот се случил во ноќ со исклучително добро осветлување поради полната месечина, т.н. супермесечина.
Стратешка точка на француската нуклеарна моќ Базата Île Longue се смета за централно „светилиште“ на француската нуклеарна одбрана. Таму се стационирани четири балистички нуклеарни подморници (SNLE), од кои најмалку една постојано е на море за да се гарантира способноста за нуклеарен одговор. Безбедноста на комплексот ја обезбедуваат околу 120 поморски жандари во соработка со специјализирани морнарички стрелци.
Истрага во тек Вакви прелети се строго забранети и ретки, но поморските службеници признаваат дека имало претходни случаи. На пример, во ноќта меѓу 17 и 18 ноември бил забележан дрон над полуостровот Крозон, но тогаш не влегол во воената зона.
Министерката за вооружени сили, Кетрин Вотрен, потврди дека истрагата е во тек. Случајот е предаден на военото обвинителство во Рен со цел да се идентификуваат пилотите на дроновите.
Јавноста сега чека дополнителни информации за тоа кој стои зад овој необичен и потенцијално опасен упад во најчуваната француска воена инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…