Град Скопје должи 109.000 денари за печатење книги од проектот Драмскиот превод во креативните индустрии при УНЕСКО
Град Скопје доцни со исплатата на 109 000 денари на организацијата Македонски центар на Интернационалниот театарски институт при УНЕСКО, објави телевизија Телма. Организацијата лани аплицирала на повикот на Градот и ѝ биле одобрени пари за печатење книги од проектот „ Драмскиот превод во креативните индустрии“.
Тој вклучува 4 објави со преводи на драмски текстови и поезија, од автори од регионот. Според раководителката на Центарот и координатор на проектот, Иванка Апостолова – Баскар, согласно договорот, средствата требало да ги добијат до крајот на 2025 година, но тоа до денеска не се случило. А, контактот со Град Скопје од почетокот на годината запрел, вели таа.
– Во моментот кога не бевме исплатени на 31. Декември 2025 година престана коминикацијата од 1. Јануари , па сè до денес, вели за Телма Иванка Апостолова- Баскар, координатор на проектот.
Таа праќала меилови со објаснување и со копија од договорот до Одделот за млади и спорт при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, кој што го поддржал проектот. А, координаторот на одделот и кажал дека тој ги собрал документите, ги потпишал и посредувал до Секторот за јавни дејности, но без успех. Апостолова -Баскар се сомнева дека поединци, како и во други институции, ја стопирале постапката за исплата, ставајќи ги документите во фиока. Па, морала заедно со тимот, вклучен во проектот, да го заврши, плаќајќи нивни пари за печатење, но без предвидениот тираж од 200 примероци.
– Не можевме ни во целост да ги отпечатиме од парите. Ние финансиравме 600 евра од наш трошок, од нашиот буџет, личен на организацијата, за да можеме дел од книгите да ги испечатиме, да го затвориме проектот, да ги испратиме до покровителите и до дел од авторите, примероците што им требаат за порфолио. Другото е на чекање, вели Иванка Апостолова- Баскар, координатор на проектот.
Сè уште не се исплатени дизајнот, преломот, авторските права, уредникот, лекторот на објавите, а имаат и други трошоци. Преводот е покриен со грантови од Словенија и Хрватска, дополнува координаторката на проектот.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека Комисија ќе ја провери документацијата и ако законски се постапувало, парите наскоро ќе бидат исплатени.
– Во наредните неколку дена, откако Комисијата ќе утврди дека ние можеме како Град Скопје и дека се издржани тие проекти да направиме исплата, секако дека ќе им биде исплатено, вели Орце Ѓеорѓиевски- градоначалник на Град Скопје.
Книгите од проектот „ Драмскиот превод во креативните индустрии“ беа промовирани на 22, минатиот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Град Скопје должи 109.000 денари за печатење…
Град Скопје доцни со исплатата на 109…
Ѓорѓиевски: Има пропусти со отпадот, но наскоро…
Градоначалникот на Скопје не се согласува со…
Ја влечел, па ја удирал со шлаканици,…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…
Лишен од слобода возачот кој вчера во…
Полицијата го уапсила 20 годишникот кој вчера…
Јовановска до Ѓорѓиевски: Дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ…
Советничката на Левица во Советот на Град…