Ѓорѓиевски: Има пропусти со отпадот, но наскоро стигнуваат нови камиони

t

Градоначалникот на Скопје не се согласува со тоа дека насекаде во градот контејнерите за отпад се полни. Вели има одредени пропусти, но при крај се постапките за набавка на нови камиони и контејнери.

Во изјава дадена денеска скопскиот градоначалник вели дека е завршена постапката за набавка на 40 камиони, а во завршна фаза е и набавката на 2.500 кантејнери.

„Има одредени пропусти. Ние се уште располагаме со старата механизација што ја наследивме. Од моментот кога станав градоначалник имавме 16 камиони на располагање, сега бројката е движи околу 60 камиони но важно е дека се зварши тендерската постапка и дека за брзо ќе стигнат околу 40 камиони за Градот Скопје. Од друга страна, во финална фаза сме и на постапката за набавка на околу 2.600 контејнери кои треба да стигнат за 10-15 дена“, изјави Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…