Градските власти во Скопје започнаа со подготовки по најавите за силно невреме
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот.
Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме.
Кризниот штаб на Град Скопје одржа состанок, целосно е мобилизиран, а екипите ќе бидат постојано присутни на терен, подготвени навремено да интервенираат и да се справат со можните последици.
Сите расположливи човечки и технички капацитети се ставени во функција, со цел заштита на граѓаните, имотот и градската инфраструктура, како и спречување поголеми штети.
Ваквите активности се спроведуваат секојдневно, но за ефикасно функционирање на системот неопходна е и одговорност од сите нас.
Апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад во шахтите, сливниците и на јавните површини, бидејќи тој го блокира протокот и оневозможува правилно одведување на дождовната вода.
Град Скопје останува буден, мобилизиран и во целосна служба на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градските власти во Скопје започнаа со подготовки…
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ –…
Пукнала голема цевка кај ОХИС, голем дел…
Неколку големи скопски населби, како и села…
Пукна главна цевка: Пинтија, Усје, Долно Лисиче,…
Повеќе скопски населби и неколку општини денеска…
Македонските аеродроми рушат рекорди – за само…
Во првите шест месеци од оваа година…
Ќе нема струја до 14:30: Исклучувања на…
Поради закажани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска…